Капитенот на Голден Арт, Давид Даев денеска го одигра последниот меч за својот клуб и со неполни 23 години реши да ја заврши професионалната играчка кариера. Одлуката е поради здравствени причини и препораката да не се занимава професионално со спорт. Големиот борец на линијата од шест метри кој несебично даваше се од себе на секој меч, на рацете на своите соиграчи беше заврши веднаш по средбата со Скопје.
Другарите му порачаа „Нема тензија – сега си во пензија“, посакувајќи му успешна кариера во животот, и секако да остане поврзан со спортот што беше негова најголема љубов. Врамениот дрес од клубот ќе го потсетува на успешните игри за Голден Арт, а многумина пријатели и колеги
Даев својата ракометна приказна ја започна во 2014 година во младинските школи на РК Металург со прв тренер Никола Матлиески. По една година , следен клуб на Даев е Тинекс, а тренер му е некогашниот репрезентативец Игор Котевски кој за Даев останува најголемиот ракометен учител и токму задади него тој 10 години на дресот го носеше бројот 9 .
Од 2019 до денеска Даев е дел од РК ” Голден Арт ” а во 2021 беше принуден да замине во РК ” Шампион ” каде играше една полусезона. Како играч на ” Голден Арт ” во 2023 Даев ја носи капитенската трака.