Македонската репрезентативка Сара Ристовска по пет успешни сезони поминати во рускиот шампион ЦСКА Москва отвора ново поглавје во кариерата.
Откако успешно ја одбранија титулата и го победија Ростов со 2-0 во финалната серија, Ристовска и нејзините колешки заминуваат на заслужен одмор.
Десното крило од Македонија постигна 593 погодоци за пет сезони во ЦСКА Москва, освои три трофеи во Купот на Русија, три шампионски титули во првенството, како и два трофеи во Супер Купот на Русија.
Покрај домашните успеси, Ристовска со ЦСКА Москва играше и на завршниот турнир во Лигата на шампионите во сезоната 2020/21.
Следен предизвик во нејзината кариера ќе биде романскиот тим Рапид Букурешт, со кој ќе биде дел од најелитното европско клупско натпреварување.