Актуелниот шампион на Данска, ГОГ Гудме, кој по завршувањето на тековната сезона ќе претрпи измени, го објави новото засилување.
Ново име во редовите на ГОГ е голманот Молер Волф, кој има само 18 години и кој во иднина ќе има можност да ги покаже своите голмански способности на домашна и меѓународна сцена.
Волф и раководството на ГОГ се договорија на долгорочна соработка, па така младиот голман се обврза на договор до 2029 година.
Големата надеж на ГОГ ги има поминато сите младински категории на клубот, нема искуство од играње на највисоко ниво, но ќе има доволно време да созрее, бидејќи ќе го брани голот на еден од најдобрите скандинавски тимови.
ГОГ досега има ангажирано неколку играчи за следната сезона, меѓу нив се и голманот Петар Јоханесен од Бергишер и средниот бек Тобијас Грондал од Елверум.
Од клубот на лето си заминуваат Тобијас Тулин, Емил Мадсен, Арон Менсинг, Андерс Захариесен…