Македонија деветти пат дел од СП

Машката сениорска репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Светското првенство 2025, откако против Фарски Острови успеа да ја надомести негативата од минус седум и на реваншот од бараж двомечот во Скопје триумфираше со 34:26.

Македонија во својата историја има учествувано осум пати на Мундијалите, од 2013 е редовен учесник, а најголемиот успех го има постигнато во Катар (2015) кога во конкуренција на 24 земји заврши на 9. позиција.

Со обезбедениот пласман, македонската репрезентација успеа да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања, па така „црвено-жолтите“ повторно ќе имаат можност да се надигруваат со најдобрите светски репрезентации.

29. издание на Светското првенство ќе се одржи следната години во периодот од 14 јануари до 2 февруари, а домаќини ќе бидат три земји – Данска, Норвешка и Хрватска.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА НА МУНДИЈАЛОТ ВО 2025!