Екипата на Деспина на гостувањето во Штип кај Астибо забележа победа, која што беше изразена со десет гола разлика, 31:21 (14:11).
За прилепскиот тим ова беше десетта победа во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
Прилепчанки до победата дојдоа со подобрата игра во вториот дел, во кој целосно доминираа на теренот и не дозволија ни најмал напредок во играта на домаќинките.
Расположена за игра во победничката екипа беше Ангела Камческа, која постигна 11 погодоци, а ја следеше Елина Риполоска со пет реализации.
Во таборот на Астибо стандардно прв стрелец беше искусната Марија Анчева со 11 погодоци, но немаше доволно поддршка од своите колешки.