Репрезентативците на Фарски Острови во вечерните часови ќе пристигнат во Скопје, откако конечно успеа да ги посака среќата и наскоро од Торшавн треба да полетаат за данскиот град Билунд.
Како што е познато, вчера и денеска неколку авиони се обидоа да слетаат во Торшавн, но поради лошите временски услови сите се враќаа на почетната дестинација.
Пред неколку часа во Торшавн слета авионот кој синоќа леташе од Париз и поради густата магла мораше да ја смени рутата, односно да се пренасочи за Норвешка.
Фараните околу 18:20 би требало да следаат на аеродромот во Билунд и оттаму со чартер лет доаѓаат за Скопје.
Нивното пристигнување во македонската престолнина би требало да биде околу 22:00 часот.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.