Тимот на Бисинов ја оствари десеттата победа во десеттиот натпревар од прволигашкиот плеј-оф.
Велешани славеа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 42-30, иако домашните ракометари пружија достоен отпор во првото полувреме.
Тие попуштија во финишот на првите триесетина минути и гостите поведоа со 22-17, па вториот дел беше одработен рутински.
Најдобри стрелци во лидерот на прволигашкиот плеј-оф беа Ивица Илиев со десет и Филип Сиљанов со шест погодоци.
Во составот на Македонија Ѓорче Петров се истакнаа Мартин Бучуковски со девет и Максимилијан Ѓиновски со осум погодоци.