Екипата на Текстилец немаше поголеми проблеми да го совлада Борец со 45:21 во натпревар од 10. коло во плеј-аут фазата во Првата лига.
Штипјани фаворитската улога ја оправдаа уште во воведниот дел, со голови од контри и полуконтри дојдоа до плус 13 на полувреме, 23:10.
Домашниот тим продолжи да доминира и во вториот дел, во кој додаде уште 22 гола во мрежата на гостите.
Најефикасен на натпреварот беше членот на Борец, Јован Атанасовски, постигна дури 14 погодоци.
Во победничката екипа расположени за игра беа Мартин Стефанов и Александар Јовановски, кои постигнаа по девет погодоци.