Бисинов на прагот до историја – со една нога е во Супер лигата

Тимот на Бисинов од Велес се наоѓа на добар пат да обезбеди директен пласман во суперлигашката конкуренција.

По девет одиграни кола во прволигашкиот плеј-оф, составот предводен од Никола Бисинов има 100% учинок, така беше и во регуларниот дел од тековната сезона.

Бисинов веќе е осамен на врвот, на свое конто има 30 бодови, додека Младост Богданци, кој засега е второпласиран, има 21 бод.

До крајот од плеј-оф фазата треба да се одиграат уште пет кола, а на велешани им се потребни само три победи за да се обелодени статусот на суперлигаш.

Табела: Бисинов 30, Младост Богданци 21, Радовиш 20, Металург РА 16, Драчево 14, Јехона 13, Македонија ЃП 6, Шампион 0.