Екипата на Олимпијакос, кој е предводен од поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, ќе игра финале во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот Куп.
Грчкиот тим за ривал во полуфиналето го имаше Ференцварош и успеа да го елиминира унгарскиот тим со одличната игра на реванш дуелот.
Првиот натпревар меѓу двете екипи заврши без победник, 28:28, додека на реваншот во Грција составот предводен од Бабиќ триумфираше со 39:32.
Ривал на Олимпијакос во финалето ќе биде тимот на Валур од Исланд и ќе се обиде да стигне до првото европско злато.
Валур, клуб во кој настапува ракометната легенда Александар Петерсон, ги доби двата полуфинални дуели со Баја Маре.
Исландскиот клуб на првиот натпревар дојде до победа од 36:28, на реваншот нѐ попушти поради убедливата победа од првиот дуел и триумфираше со 30:24.
Олимпијакос и Валур првиот натпревар од финалето ќе го одиграат на 18/19 мај, ревашот на 25/26 мај.