Заврши сезоната во регионалната БЕНЕ лига, во која партиципираат екипи од Белгија и Холандија, а шампион стана Визе.
Во финалето, кое оваа сезона беше белгиско, Визе го совлада составот на Бохолт со 25-24, откако претходно во полуфиналните двомечи двете екипи од Белгија ги елиминираа холандските Алсмер и Лимбург Лајонс.
За Визе оваа титула е прва во конкуренцијата, додека Бохолт, кој лани беше шампион има пет титули во БЕНЕ лигата.
Своевремено во оваа лига настапуваа и екипи од Луксембург, но сега само од Белгија и Холандија.
Покрај БЕНЕ лигата заврши и Балтичката лига, во која играат екипи од Литванија, Летонија и Естонија.
Шампион оваа сезона стана летонскиот Тенакс Добеле, кој на завршниот турнир во финалето славеше против естонската Полва Сервити со 27-26. Третото место го освои литванскиот тим Драгунас Клаипеда со триумфот над естонскиот Вилјанди со 29-28.
Во новиот шампион на Балтичката лига, Тенакс Добеле, настапува некогашниот голман на Вардар, Летонецот Артурс Кугис.