Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе има најмалку две проверки пред стартот на Европското првенство.
Ривал на избраничките на Кристијан Грчевски ќе биде еден од домаќините на континенталниот собир, Австрија.
Овие два натпревари би требало да се одиграат во рамките на ЕХФ неделата во септември, а сигурно ќе бидат договорени уште пријателски натпревари во ноември.
Македонија е во групата со еден од трите домаќини на ЕП, Унгарија, со стариот познаник Шведска, како и со дебитантот Турција.
ЕП почнува на 28 ноември, а ќе заврши на 15 декември.