На само три дена до стартот на квалификацискиот турнир за Олимписките игри, Светската ракометна федерација го исклучи Камерун, а на негово место шанса за настап доби Велика Британија.
Според ИХФ, главен проблем беа визите на делегацијата од Камерун за Унгарија, каде што се играше турнирот. Беше објавено дека тие не добиле визи и нема да ги одиграат квалификациите.
Сепак генералниот секретар на федерацијата на Камерун, Полин Јумси, открива дека тие би стигнале на денот на првиот меч во Унгарија, но организаторот се исплашил дека тоа нема да се случи поради краткото време и дека ако нема натпревар може да загуби еден милион евра како оштета за носителот на ТВ правата.
„Нас не ни ги откажаа барањата за визи, туку само се оддолжи временскиот период, затоа што Унгарија нема амбасада во Камерун, па затоа процесот не беше лесен и барањата одеа преку германската амбасада околу половина година. Според планот, ние ќе пристигневме на два часа пред првиот меч, но организаторото се исплаши дека нема успееме и според договорот, ќе морааат да му платат еден милион евра оштета на носителот на ТВ правата. Според правилата, Камерун требаше да го замени друга африканска репрезентација, но ниедна од нив не можеше да се подготви за патување за толку кратко време“, изјави Јукси.
Место Камерун, на квалификацискиот турнир во Унгарија играше Велика Британија, која загуби на трите меча убедливо, од домаќинот, Шведска и Јапонија.