Македонскиот чувар на мрежата, Мартин Јовановски, по трофејот во Супер Купот на Кипар, освои уште еден.
Неговиот тим Анортозис со две победи во два на завршниот турнир во Купот, го освои трофејот без поголеми проблеми.
Во финалето македонскиот голман имаше блесок, и со 15 одбрани му помогна на Анортозис да слави против Парнасос Строволу со 30-23. Претходно во полуфиналето, Анортозис го елиминираше Продефтикос со 41-16.
Јовановски и неговиот тим се големи фаворити и во првенството, па македонскиот голман може да ја заврши сезоната со тројна круна.