Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби на гости кај Луцерн со 29-26 во првиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот.
Иако во поголемиот дел од натпреварот Цирих му парираше на домашниот тим, сепак на крајот мораше да се помири со поразот и со негативата 1-0 во серијата.
Поповски беше најдобар стрелец во тимот на Цирих и успеа да постигне седум погодоци од девет обиди.
Вториот натпревар од полуфиналната серија до три победи се игра во Цирих на 17 април, додека третиот е на теренот во Луцерн на 20 април.