Тимот на Астраион запиша лесна победа над Преспа Вардар со 40-36 во седмата рунда од прволигашкиот плеј-аут.
Струмичани уште на стартот поведоа со 7-1 и го решија прашањето на победникот, а на паузата беше 23-14 и беше јасно каков втор дел ќе има овој натпревар.
Шанса за игра добија сите ракометари од двете клупи, Преспа Вардар намали на минус три во второто полувреме, но немаше ниту време, ниту сили за нешто повеќе.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Рингов со осум и Аргиров со седум, додека кај Преспа се истакна Мазниковски со 11 погодоци.
Астраион сега се израмни со второпласираниот Текстилец со по 11 бодови, додека Преспа Вардар ќе падне на четвртото место со 10.