Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани Градимир Чаневски, славеше на последниот натпревар од групната фаза на плеј-офот.
Тимот на македонскиот чувар на мрежата славеше во градското дерби против Хапоел Ришон со 33-30.
Еден од најзаслужните ракометари за победата на Макаби Ришон беше токму Чаневски, кој имаше 11 одбрани.
Во полуфиналето на плеј-офот, Макаби Ришон во серијата подобар од три меча, одново ќе игра со градскиот ривал.
Во другата двојка, Рамат Хашарон ќе игра против Хапоел Холон.