Håndbold, KvindeLigaen, Team Esbjerg - Bjerringbro 37:20

Eсбјерг сака титула во ЛШ до 2027 – ќе има 4 милиони евра буџет!

Актуелниот шампион на Данска, Есбјерг, има за цел да дојде до титула во Лигата на шампионите за неколку години.

Конкретно, оваа задача се планира да се оствари преку зголемување на буџетот, па така ИТ компанијата Bluebyte, која беше еден од спонзорите на клубот 17 години, стана сопственик на Есбјерг.

Сега тимот на Есбјерг има четворица сопственици и според данските медиуми, буџетот на клубот наскоро треба изнесува четири милиони евра.

Тоа значи дека Есбјерг ќе има ист буџет како францускиот Мец. Според последните податоци, најбогат клуб во Европа е францускиот Брест Бретањ.

Клубот во кој настапува репрезентативката на Македонија, Ива Младеновска, има буџет од околу 7,7 милиони евра.