Голманот на данскиот шампион ГОГ Гудме, Матијас Рекс, одлучи да настапува за сениорската репрезентација на Холандија.
21-годишниот голман, кој на репрезентативно ниво имаше настапи за младинските селекции на Данска, поради големата конкуренција не можеше да се избори за место кај сениорите.
Рекс по националност е Холанѓанин, пред извесен период доби и холандски пасош, па така селекторот на Холандија, Стефан Олсон, ќе има уште еден голман на располагање за големите натпреварувања.
Новиот член на холандската репрезентација во текот на месец март веќе беше повикан од селекторот Олсон да се запознае со новите репрезентативни колеги и да се вклопи во таборот на „лалињата“.
Холандија во месец мај против Грција ќе се бори за пласман на Светското првенство 2025, кое ќе се одржува во Данска, Норвешка и Хрватска.