Вторпат во второто издание, селекцијата на Норвешка го освои трофејот во ЕХФ Евро Купот и тоа без загубен натпревар.
Европскиот шампион славеше на сите шест меча во конкуренција на Австрија, Унгарија и Швајцарија, а последната на гостувањето во Цирих со убедливи 42-22.
Иако во ростерот ги немаа ѕвездите од типот на Нора Мерк, Катрине Лунде, Камила Херем…тоа не беше пречка за убедлива победа.
Во листата на стрелците против Швајцарија, сите играчи се запишаа најмалку по еднаш во листата на стрелците.
ЕХФ Евро Куп е натпреварување во кое играат селекциите што имаат обезбедено место на ЕП без квалификации.