Женската репрезентација на Македонија се чини дека уште по првиот дел го реши прашањето околу победникот на дуелот со Азербејџан, бидејќи води со 19-12 и потврдата на пласманот на ЕП е се поблиску.
Нашите ракометарки отворија со водство од 4-0, а првиот гол го примија дури по шест минути игра. Но домашните по тајм-аутот на Рева се вратија во егал и успеаја да израмнат на 5-5.
При 7-7 имаа и напад за водство, но не го искористија, па беа казнети од Саздовска. Потоа погоди и Ристовска од пенал, па од контра и Македонија се одлепи на плус четири одново, 12-8.
Не форсираа нашите ракометарки, па на пауза заминаа со плус седум, 19-12. Саздовска погоди четири пати, додека Гакидова реализираше три погодоци.