Откако минатиот викенд беа комплетирани осминафиналните натпревари во Купот на Португалија, познати се четвртфиналните парови.
Бенфика, каде што игра Филип Талески, ќе се соочи со Порто, каде што брани Никола Митревски, па двајцата Македонци ќе се борат меѓусебе за Ф4.
Порто го елиминира Агуаш Санташ со фантастична партија на Митревски со 18 одбрани во претходната рунда.
Бенфика, пак, во претходната рунда ја елиминира Брага со триумф 33-27, а на овој меч Талески стрелаше пет пати.
Четвртфиналниот натпревар во Купот на Португалија меѓу Бенфика и Порто ќе се игра на 6 април од 18:00 часот.
Викендот потоа стартуваат натпреварите од плеј-офот во португалското првенство, а во првото коло, одново меѓусебе ќе играат „македонските“ екипи, но сега на теренот на Порто.