Битолчанки ефикасни во Гевгелија, славеа со 26 гола разлика

Ракометарките на Пелистер во натпревар од 18. коло од Женската лига очекувано славеа на гостувањето во Гевгелија против истоимената екипа со 40:14 (22:9).

Пелистер со освоената победа дојде до 25 бодови на табелата и за момент ја презеде 6. позиција. Освен Пелистер, во игра за шесто место сѐ и екипите на Стружанка, Скопје, Деспина, Овче Поле СУ и Спартак.

Битолчанки фаворитската улога ја оправдаа уште во воведниот дел, поведоа со 5:0 и цврстата одбрана која ја имаа придонесе да имаат бројни лесни голови во мрежата на домашниот тим.

Гевгелија поради кратката клупа не можеше да парира, па така домаќинките во првиот дел постигнаа девет, а во вторите 30 минути додадоа уште пет погодоци.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Пелистер, Моника Босилковска, со 12 погодоци.

Во таборот на Гевгелија листата на стрелци беше предводена од Елена Димова, која успеа да реализира шест пати.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080