Чаир не виде мака против Спартак

Ракометарките на Чаир ја продолжија победничката серија во Женската лига, откако славеа против Спартак со убедливи 44-22.

Гостинките одржуваа рамнотежа на стартот до 7-7, но потоа се беше во знакот на домашните ракометарки.

Најпрво поведоа со 11-7, а како одминуваше времето така ја градеа предноста, која на пауза беше десет погодоци, 21-11.

Вториот дел беше само формалност и шанса за настап добија оние со помала минутажа, но предноста во корист на Чаир се дуплираше.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ангела Костовиќ со десет, како и Хана Мифтари и Бојана Диневска со по седум гола, додека кај Спартак се истакна Михаела Ангеловска со шест погодоци.

Чаир сега е на делба втората позиција на табелата заедно со Металург Автокоманда со по 46 бодови.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080