Македонската репрезентативка Симона Маџовска одигра уште една одлична партија во дресот на Цвикау во Бундес лигата.
Во натпреварот меѓу актуелниот тим на Маџовска, Цвикау и нејзиниот поранешен, Некарсулмер, славеше Цвикау со 32-25.
Македонката беше меѓу најдобрите стрелци во победничкиот тим и реализираше четири пати од четири обиди.
Цвикау сега има 10 бода и избега од опасната зона, а во следното коло ќе му гостува на актуелниот првак Битигхајм.