Тимот на Цирих каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, победнички го заврши регуларниот дел во швајцарскиот шампионат.
Цирих славеше против Сент Гален со 37-22 во последното 27 коло и го потврди третото место на табелата зад Кадетен и Криенс Луцерн.
Поповски беше втор стрелец на овој натпревар и успеа да погоди пет пати од седум обиди во противничката мрежа.
Цирих го чека четвртфиналето во плеј-офот, каде ќе се соочи токму со ривалот со кој играше во последното коло, Сент Гален.