Ракометарите на Овче Поле прославија убедлива победа против составот на Борец со 43-15 во натпревар од 4 коло во прволигашкиот плеј-аут.
Moмците на Зоран Динев уште на стартот поведоа со 9-1 и најавија каков тек ќе има овој натпревар.
До паузата домашните обезбедија предност од 17 погодоци разлика, 24-7, и одиграа рутинско второ полувреме.
Најдобри стрелци во победничкиот тим во кој не погодија само голманите беа Кристијан Коцевски и Стојанче Ристов со по шест гола.
Во велешкиот состав по четири погодоци имаа Јаневски, Личовски и Крстевски.