Тимот на Деспина без никакви проблеми славеше на гостувањето кај Шампион со убедливи 11 гола разлика, 30-19 и се пласираше во финалето на групата 3 од Купот на Македонија.
Прилепчанки уште од стартот на мечот ставија до знаење дека се дојдени по триумф во Скопје и поведоа со 8-1.
Предноста до полувремето се искачи на плус 15, а Деспина прими само четири гола за триесетина минути, од кои два беа од пенал.
Беше јасно каков тек ќе има натпреварот, па затоа шанса за настап добија сите ракометарки, а тоа го искористи Шампион да ја намали високата негатива.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Цветкоска со осум, како и Рипилоска и Гичева со по четири, додека кај Шампион се истакна Петровска со осум погодоци.
Куп на Македонија, жени, распоред:
група 1
Куманово – Стружанка 37-29
23/3, 14:30, Скопје – Металург Автокоманда
24/3, Куманово – Скопје/Металург Автокоманда
група 2
Чаир слоб.
23/3, 12:00, Астибо – Овче Поле СУ
24/3, 15:00, Чаир – Астибо/Овче Поле СУ
група 3
Гевгелија – Вардар 17-34
Шампион – Деспина 19-30
24/3, Вардар – Деспина
група 4
Пелистер слоб.
23/3, 15:30, Спартак – Ѓорче Петров
24/3, Пелистер – Спартак/Ѓорче Петров