Иако беше аутсајдер пред мечот, и игра во плејаутот за опстанок во Суперлигата, екипата на Голден Арт направи изнандување во групата од Купот на Македонија, победувајќи го Пролет на гостински терен со 32-22 (12-12). Со тоа „градежниците“ си закажаа меч со победникот од дуелот Радовиш – Вардар. Тој меч одлучува за место на Ф4 турнирот во Купот.
Голманот Петар Виларов кој по долгата повреда и операција се врати во тимот беше „џокерот“ што му помогна на тимот да дојде до овој триумф. Виларов имаше 12 одбрани, од што и два седмерци. Со него тимот делуваше сигурен, а истовремено и целата одбрана помотивирана. Во нападот колегите особено во вториот дел беа инвентивни, но пред се прецизни.
Така и се направи предноста од неколку голови, што на крај беше и двоцифрена, 32-22. Во првиот дел Пролет имаше иницијатива и водство. Највисоко од три гола, но во завршницата Голден Арт направи пресврт и имаше реми, 12-12. Тоа им дае мотив плус понатаму да продолжат со исто темпо.
Тимот предводен од Стојан Петрушевски покажа дека формата е темпирана за завршницата на првенството каде имаат тешка задача да обезбедат опстанок. Но, со ваква игра се е можно.
Куп на Македонија, мажи, распоред:
група 1 (Кавадарци)
23/3, 12:00, Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш
23/3, 14:00, Прилеп – Мулти Есенс
23/3, 18:00, Еурофарм Пелистер 2/Тиквеш – Прилеп/Мулти Есенс
група 2 (Скопје)
23/3, 14:30, Бутел Скопје – Струга
23/3, 18:00, Алкалоид – Вардар Неготино
24/3, 18:00, Бутел Скопје/Струга – Алкалоид/Вардар Неготино
група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
23/3, 18:00, Радовиш – Вардар
24/3, Радовиш/Вардар – Голден Арт
група 4 (Охрид)
23/3, 10:30, Охрид – Скопје
23/3, 12:30, Еурофарм Пелистер – Куманово
23/3, 19:30, Охрид/Скопје – Еурофарм Пелистер/Куманово