- Словенечкиот шампион Целје ги задржа десниот бек Жига Млакар и левото крило Тадеј Мазеј. Искусниот Млакар го продолжи договорот до 2026 година, додека Мазеј потпиша договор на една сезона.
- Бундеслигашот Гепинген ќе се засили со шведскиот лев бек Оскар Сунефелт, кој доаѓа од Лајпциг, каде што настапуваше три сезони. Претходно Сунефлет одигра една сезона и за Кил.
- Кубанскиот голман Алехандро Ромеро, кој една полусезона мина во македонскиот вицепрвак во Автокоманда, а вториот дел од сезоната го игра во Сесон Рен, од лето ќе ги брани боите на Данкерк, со кој потпиша договор на две сезони.
- Искусниот шпански репрезентативец Гедеон Гвардиола си замина од бундеслигашот Ерланген и се врати во Шпанија. Гвардиола ќе ја продолжи кариерата во дресот на Нава, каде што игра и неговиот брат Исаија.
- Левиот бек на турската репрезентација Дорук Пеливан, кој настапува на позајмица од Келце во германскиот тим Елбфлоренц Дрезден, ја продолжи соработката со овој тим и за наредните две сезони.