Машката сениорска репрезентација на Македонија загуби на првиот од двата предвидени пријателски дуели со Романија.
Македонија, која во Браила отпатува без неколку клучни играчи, иако на полувреме имаше 16:15, сепак, домаќините во вториот дел беа подобри и победија со 32:27.
Втората „контролка“ меѓу Македонија и Романија ќе се одигра утре со почеток од 16:30 часот.
Овие две средби се дел од подготовките пред бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година.
Првиот натпревар меѓу Фарски Острови и Македонија ќе се одигра на 8 мај од 18:00 часот во Торшавн.
Реванш средбата се игра на 12 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман на Мундијалот следната година.