ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Сениорите, младинците и кадетите на силни тестови

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот од двата предвидени натпревари со Романија во романскиот град Браила.

Македонија на двете „контролки“ со романската репрезентација нема да настапи во комплетен состав, поради повреда ќе недостасуваат Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ.

Натпреварите со Романија се дел од подготовките за бараж двомечот против Фарски Острови. Како што е познато, репрезентацијата на Македонија против островската земја ќе се бори за пласман на Мундијалот 2025.

Освен сениорската, контролни натпревари ќе одигра и младинската, односно кадетска репрезентација.

Младинците во Автокоманда на двапати ќе тестираат против еден од ривалите на Европското првенство за младинци, репрезентацијата на Хрватска, првиот натпревар ќе го одиграат денес.

Хрватите доаѓаат со силниот состав што освои бронза на кадетското СП минатиот август, па овој двомеч ќе биде силна проверка пред да се одмерат силите и во групата на Европското младинско првенство во Словенија, каде уште ќе бидат и Австрија и Црна Гора.

Кадетите ќе го одиграат вториот пријателски натпревар со Црна Гора, на првиот тест меч, кој беше одигран вчера, избраниците на Наум Танески триумфираа со 28:20.

Кадетската репрезентација претстојното лето ќе учествува на Европското првенство за кадети во Подгорица. Ривали на кадетите се репрезентациите на Германија, Франција и Полска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

13:00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА (КАДЕТИ, ПРИЈАТЕЛСКИ)
16:30 ТАРГУ – КРАЈОВА (РОМАНИЈА)
17:00 МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА (СЕНИОРИ, ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (МЛАДИНЦИ, ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:30 БАХРЕИН – БРАЗИЛ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)
19:00 ЦРНА ГОРА – ГРУЗИЈА (СЕНИОРИ, ПРИЈАТЕЛСКИ)
19:30 СЛОВАЧКА – ИЗРАЕЛ (БАРАЖ ЗА СП 2025)
19:30 ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА (СЕНИОРИ, ПРИЈАТЕЛСКИ)
21:00 ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)