Левиот бек на Хановер и белоруската репрезентација, Владислав Кулеш, и во наредната сезона ќе остане во бундеслигашот, откако го продолжи договорот до летото 2025 година.
Капитенот на Порто, Антонио Ареиа, по долго време заминува од португалскиот првак и ќе се пресели во Франција. Десното крило потпиша договор на две сезони со францускиот Трембле.
Кружниот напаѓач на Данкерк и јапонската репрезентација, Шуичи Јосида, од лето ќе се пресели во Нант. Јапонецот се обврза на договор од две сезони и ќе остане во Нант најмалку до 2026 година.
Хрватската репрезентативна голманка Ивана Капитановиќ тимот на Рапид Букурешт ќе го замени со друг романски суперлигаш. Таа ќе се пресели во Глорија Бистрица, со која потпиша договор на две сезони.
Бразилската репрезентативка Адријана Кардозо на крајот на сезоната ќе си замине од црногорскиот првак Будуќност. Таа дојде во Подгорица пред две сезони и остави одличен впечаток.