Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад веќе започна со градењето на тимот за новата натпреварувачка сезона.
Норвешкиот шампион, кој пред извесен период излезе од финансиската криза и се спаси од банкрот, се засили на позицијата лево крило.
Нов член на Вајперс Кристијансад ќе биде репрезентативката на Швајцарија, 19-годишната Миа Еменегер.
Младата ракометарка уште на Европското првенство 2022 го покажа големиот потенцијал и во скандинавската земја ќе го има првото интернационално искуство.
Еменегер со раководството на норвешкиот тим се договори на соработка со важност од две сезони.
Вајперс Кристијансад претходно потпиша со голманката Силје Солберг и со десниот бек од Савехоф, Нина Копанг.