Се зголеми конкуренцијата за шампионската титула

По одиграното 5. коло во суперлигашкиот плеј-оф, станува се повеќе возбудливо, бидејќи во трката за титулата се вклучија вардарци, кои на гостувањето во Автокоманда изборија важен брејк, го совладаа вицепрвакот и ја презедоа 3. позиција на табелата.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер, ја задржа водечката позозиција, на незгодното гостување во Кавадарци против Тиквеш не дозволи да има сензација и си го зголеми бодовното салдо на свое конто, битолчани сега имаат 17 бодови.

Три бодови помалку од битолскиот тим има Охрид, кој влезе во победничка серија, по победата над вицепрвакот, го совлада и Пролет на гостински терен. Избраниците на Стевче Алушовски како второпалсирани ќе го пречекаат тимот на Вардар во следното, 6. коло.

Поради ЕХФ неделата, во која пријателски дуели ќе одигра репрезентацијата на Македонија, 6. коло е закажано за крајот на март, односно за 30/31 март. Натпреварот против „црвено-црните“ ќе биде вистински испит за лимитот на охриѓани.

На прва победа во плеј-оф фазата се израдува екипата на Бутел Скопје. Тимот предводен од Горан Кузманоски на гостувањето во Струга кај истоимената екипа, во натпревар проследен со мал број погодоци, славеше со 20:13 и направи мал прогрес.

Супер лига, 5. коло, резултати:

АЛКАЛОИД – ВАРДАР 23-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21-24 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ 13-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ОХРИД 28-32 (ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140