Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето од Европскиот Куп.
Македонскиот шампион Ѓорче Петров во четвртфиналето за ривал ја има екипата на Елче од Шпанија.
Првата средба меѓу македонскиот и шпанскиот тим ќе се одигра на 10 март во Елче со почеток од 12:30 часот.
Судии на оваа средба ќе бидат Дору Манеа и Раду Илиески од Романија, додека делегат е Агиус Мери Лин од Малта.
Реваншот е закажан на 17 март од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“, судии ќе бидат Франческо Симоне и Пиетро Монитило, а делегат Фахредин Хашани од Косово.