🎥 Ги загуби нервите: Ракометар на Нексе тргна да се тепа со противнички навивачи!

На Нексе не му оди во Европа оваа сезона, откако загуби на гости кај Савехоф со убедливи 34-28 и заврши на третото место во групата.

По поразот следуваше скандалозно однесување на десното крило Фахрудин Мелиќ, кој дополнително беше изнервиран и поради загубениот натпревар.

Публиката и навивачите на Савехоф очигледно добро се „подготвиле“ и упатуваа пцовки на балканските јазици кон гостинските играчи.

Тоа беше причина 39-годишниот Мелиќ да ги прескокне светлечките реклами и да се упати на трибините за да се пресмета со противничките навивачи.

Брзата реакција на обезбедувањето и на неговите соиграчи спречија инцидент од поголеми размери. Мелиќ очигледно има уште нерасчистени сметки по сличниот ваков испад во „Партиле Арена“ пред две сезони.