Романија без тројцата натурализирани ракометари против Македонија

Новиот селектор на Романија, Георге Буричеа, го објави списокот на ракометари за натпреварите со Македонија во рамките на ЕХФ неделата.

Слично како и Лазаров, новиот селектор на Романија реши за пријателски дуели со „црвено-жолто“ да одмори неколку поискусни ракометари.

На натпреварите со Македонија нема да настапат и тројцата натурализирани ракометари – Анте Кудуз, Хавиер Хумет и Сеид Хеидарирад.

Натпреварите меѓу Романија и Македонија ќе се одиграат на 15 и 16 март во романскиот град Браила.

Романија ќе има тежок предизвик за да обезбеди пласман на Мундијалот 2025, бидејќи за ривал во бараж двомечот ја доби незгодната Чешка.