Лазаров избра: Без тројца искусни против Романија, деби за Најденовски

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави списокот на ракометари за натпреварите со Романија во рамките на ЕХФ неделата.

На списокот кај Лазаров партиципираат 21 ракометар, од нив 19 доаѓаат од домашните клубови, додека двајца се интернационалци.

Станува збор за Филип Талески од Бенфика и за младиот и перспективен ракометар Николас Најденовски, кој настапува во Шведска, односно во Луги.

Покрај Најденовски, првпат кај сениорите се најдоа и младинските репрезентативци- Иван Галевски и  Валентин Карасманакис

На пријателските дуели со Романија нема да ги има искусните Никола Митревски, Никола Костески и Никола Маркоски, а поради повреда нема да настапи членот на Алкалоид, Мартин Велковски.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 11 март, додека натпреварите со Романија ќе се одиграат на 15 и 16 март во романскиот град Браила.