В четврток на пладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката за групната фаза во Купот.
Актуелниот освојувач на трофејот во Купот, Вардар, ја прескона првата рунда и се приклучува во групната фаза.
„Црвено-црните“ ќе бидат во првиот шешир заедно со екипите на Еурофарм Пелистер и Тиквеш, како и „сино-белите“ од Автокоманда.
Покрај 15 суперлигашки тимови, ќе има и еден актуелен прволигаш, Радовиш, кој ќе ја брани честа на прволиигашите во групната фаза.
Натпреварите по групи ќе се играат на 23/24 март, по принципот полуфинале и финале, а само победниците ќе обезбедат пласман на Ф4 турнирот во мај.
Куп на Македонија, групи, ждрепка:
шешир 1: Еурофарм Пелстер, Алкалоид, Вардар, Тиквеш
шешир 2: Бутел Скопје, Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Пролет
шешир 3: Голден Арт, Струга, Прилеп, Куманово
шешир 4: Скопје, Вардар Неготино, Радовиш, Мулти Есенс