Тимот на Драчево го донесе четвртото засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.
Нов ракометар во тимот предводен од Велимир Настески е средниот бек Давид Олтовски, кој доаѓа од Аеродром.
Олтовски имаше одлична полусезона зад себе со тимот на Аеродром, со кој за влакно не успеаја да влезат во суперлигашкиот плеј-оф.
Драчево претходно се засили со Петар Ферукоски, Кристијан Ангелковски и Филип Димевски, па сега има поширок ростер.
Во првото коло од прволигашкиот плеј-оф Драчево ќе гостува кај Младост Богданци, кој исто така имаа суперлигашки амбиции.