Дагур Сигурдсон денеска официјално беше промовиран како нов селектор на машката репрезентација на Хрватска.
Исландскиот стратег ја водеше Јапонија, но го раскина договорот кој требаше да биде активен заклучно со Олимписките игри во Франција.
Исланѓанецот со Германија беше европски првак во 2016 година, ја водеше и Австрија, а работеше и во Брегенц и Фуксе Берлин на клупско ниво.
Ова е првпат во историјата Хрватска да има селектор-странец. Хрватите вчера ја прекинаа соработката со Горан Перковац по неуспешниот настап на ЕП и освоеното 11 место.
Прв голем предизвик за Сигурдсон ќе бидат квалификациите за ОИ што ќе се играат во Германија, каде покрај домаќинот Хрватска за ривали ќе ги има Австрија и Aлжир.