Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за ЕП 2024.
Женската репрезентација на Македонија ќе игра двомеч со Шпанија, денеска во Скопје, а в недела во Ланцароте.
Дуелот во Скопје ќе го судат црногорските арбитри Стефан Ивановиќ и Марко Вујисиќ, а делегат ќе биде Зорица Машиќ од Србија.
Средбата во Ланцароте ќе биде под арбитража на Швеѓанките Алис Вотсон и Лин Велин, додека делегат е Мануел Консеисао од Португалија.
Првиот натпревар се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот, додека реваншот е в недела во Ланцароте со почеток во 17:00 часот.