Репрезентацијата на Шпанија е следниот ривал на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Двете репрезентации, кои остварија две старни победи во квалификациите, триумфираа над Азербејџан и Литванија, практично се пласирано на континенталниот собир.
Селекторот на Шпанија, Амброш Мартин, смета дека Макеоднија треба да се сфати како сериозен ривал.
,,Македонија е можеби најтешкиот ривал во квалификациската група. Покажаа одлична игра во првите два квалификациски натпревари, сите нивни интернационални играчи се во одлична форма. Сметам дека ќе биде тежок натпревар, бидејќи балканските репрезентации вообичаено имаат добар менталитет кога играат на нивен терен”, изјави Мартин.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Шпанија ќе се игра на 29 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.
Реваншот се игра во градот Ланцароте на Канарските Острови, на 3 март од 17:00 часот, а до таму ракометарките ќе имаат долго патување.