Хрватскиот шампион Загреб полека го склопува играчкиот мозаик за наредната сезона во која ќе влезе со уште поголеми амбиции.
Откако беше ангажиран легендарниот Златко Хорват, Загреб објави дека се продолжени соработките со двајцата најдобри млади ракометари.
Голманот Матеј Мандиќ и десниот бек Лука Ловре Кларица ставија потпис на новите договори со кои се обврзаа да останат во Загреб најмалку до 2026 година.
Загреб оваа сезона игра одлично во Лигата на шампионите и се наоѓа на прагот да обезбеди место во осминафиналето на елитното натпреварување.