Познатите шеширите за ждрепката – еве како се рангирани кадетите и младинците пред ЕП

На 29 февруари со почеток од 15:00 часот во седиштето на ЕХФ во Виена ќе се одржи ждрепката за групите за ЕП во кадетска и младинска конкуренција.

Кадетската селекција, која преку квалификациите во јануари обезбеди место на континенталниот собир, ќе се најде во четвртиот шешир пред ждрепката.

Со Македонија се уште и селекциите на Романија, Грција, Израел, Украина и Италија, па момците на Наум Танески ќе добијат три силни ривали.

ЕП 2024, кадети, Црна Гора, 7-18 август:

Шешир 1: ШПАНИЈА, ГЕРМАНИЈА, ШВЕДСКА, ХРВАТСКА, ДАНСКА, ИСЛАНД
Шешир 2: УНГАРИЈА, СЛОВЕНИЈА, ЦРНА ГОРА, ПОРТУГАЛИЈА, НОРВЕШКА, ФРАНЦИЈА
Шешир 3: СРБИЈА, ФАРСКИ ОСТРОВИ, ПОЛСКА, ЧЕШКА, ШВАЈЦАРИЈА, АВСТРИЈА,
Шешир 4: МАКЕДОНИЈА, РОМАНИЈА, ИЗРАЕЛ, УКРАИНА, ИТАЛИЈА, ГРЦИЈА

Младинската селекција, која преку ЕХФ шампионатот во Рига го имаше потврдено својот настап на ЕП во Словенија, ќе биде влечена од третиот или четвртиот шешир.

Заедно со Австрија и Чешка, кои освоија трофеи на ЕХФ шампионатите, Македонија ќе биде дел од посебна ждрепка, по која две од трите селекции ќе останат во трет шешир, а една ќе биде во четвртиот.

ЕП 2024, младинци, Словенија, 10-21 јули:

шешир 1: ШПАНИЈА, ШВЕДСКА, ГЕРМАНИЈА, УНГАРИЈА, ХРВАТСКА, ДАНСКА,
шешир 2: НОРВЕШКА, ПОРТУГАЛИЈА, СЛОВЕНИЈА, ФАРСКИ ОСТРОВИ, ИСЛАНД, ЦРНА ГОРА
шешир 3: СРБИЈА, ФРАНЦИЈА, ПОЛСКА, ИТАЛИЈА, МАКЕДОНИЈА/АВСТРИЈА/ЧЕШКА (две селекции)
шешир 4: МАКЕДОНИЈА/АВСТРИЈА/ЧЕШКА (една селекција), УКРАИНА, ИЗРАЕЛ, ШВАЈЦАРИЈА, РОМАНИЈА, ГРЦИЈА

На двата настани организаторите Црна Гора и Словенија ќе имаат можност да ја изберат групата во која ќе настапуваат.