Женската репрезентација на Шпанија во Скопје ги стартуваше тренинзите и подготовките за двомечот со Македонија од квалификациите за ЕП 2024 година.
Веќе втор ден „фуријата“ е во главниот град на Македонија, а селекторот Амброш Мартин ќе смета на најсилниот состав.
Камбек во националниот состав направи искусната Барбоса, а тука се Кампос, Гутиерес, Фернандес, Касама, Чапчет, Кастеланос, Де Зогби…
Македонија и Шпанија со по две победи во првите две кола практично се пласирани на ЕП, а сега во двомечот ќе се борат за првото место на табелата во конкуренција на Литванија и Азербејџан.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Шпанија ќе се игра на 29 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.
Реваншот се игра во градот Ланцароте на Канарските Острови, на 3 март од 17:00 часот, а до таму ракометарките ќе имаат долго патување.