Ѓорче Петров со трето засилување од Бразил

Македонскиот шампион Ѓорче Петров го договори третото засилување од Бразил, откако постигна соработка со Луана Форте.

Станува збор за ракометарка која настапува на позицијата десно крило, па така Симе Симовски ќе има поголема ротација за разлика од есенскиот дел.

За Форте тимот на Ѓорче Петров ќе биде првиот интернационален предизвик во својата кариера.

Ѓорче Петров претходно ги ангажираше десниот бек Талита Алмеида и пивотот Милена Менезес, како и српската интернационалка Катарина Танасковиќ.

Тимот на Ѓорче Петров со новите засилувања ќе атакува на завршницата во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот Куп.

Ривал на македонскиот шампион во четвртфиналето ќе биде шпанскиот Елче, кој во своите редови ја има легендарната Александра До Насименто.

Првиот натпревар се игра на 10 март во Шпанија, додека реваншот е на 17 март во Македонија.

Ѓорче Петров не запира со засилувања – доаѓа десен бек од Србија!

 

Ѓорче Петров доби јужноамерикански шмек: Бразилска репрезентативка потпиша за шампионот!

 

Ѓорче Петров со ново засилување – потпиша пикер од Бразил!