ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер го игра последниот домашен натпревар во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска пред својата публика ќе атакува на прв триумф во Лигата на шампионите.

Пелистерци во рамки од претпоследното, 13. коло ќе го пречекаат данскиот вицепрвак Алборг, кој првиот дуел со битолскиот тим го доби со убедлив резултат од 38:23.

Натпреварот против Алборг за избраниците на Бранко Ангеловски ќе биде последниот натпревар на домашен терен, бидејќи во последното коло Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Колстад.

За македонскиот претставник во елитата овој натпревар нема никакво значење, додека Алборг со евентуален триумф ќе го потврди местото во четвртфиналето.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Распоред на денешните натпревари од ЛШ:

18:45 ГОГ – ВИСЛА
18:45 СЕГЕД – КИЛ
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛБОРГ
20:45 ПОРТО – ЦЕЛЈЕ

На денешната програма ќе има дури девет квалификациски дуели од третото коло за пласман на Европското првенство 2024.

Женската репрезентација на Македонија утре на свој терен ќе се соочи со Шпанија. Македонија за ривали ги има и репрезентациите на Азербејџан и Литванија. Двете репрезентации денес ќе го имаат првото меѓусебно соочување.

Распоред на денешните квалификациски натпревари:

14:00 АЗЕРБЕЈЏАН – ЛИТВАНИЈА
16:30 РОМАНИЈА – ХРВАТСКА
17:00 БУГАРИЈА – ТУРЦИЈА
18:00 СЛОВАЧКА – ИЗРАЕЛ
18:45 ЛУКСЕМБУРГ – ФАРСКИ ОСТРОВИ
19:00 БИХ – ГРЦИЈА
19:00 ПОЛСКА – ДАНСКА
19:45 ЧЕШКА – ХОЛАНДИЈА
20:30 ИСЛАНД – ЧЕШКА