Блесок на младиот Јастржебски, Висла Плоцк го сруши Монпелје

Висла Плоцк направи голем чекор напред кон осминафиналето на Лигата на шампионите, откако славеше над францускиот Монпелје со 22-18.

Клучна фигура за вредните два бода од овој натпревар беше голманот на Висла, Марсел Јастржебски со 16 одбрани или 52% успешност.

По првиот дел беше 10-10, а во второто полувреме избраниците на Сабате беа константно во предност.

Најпрво од гол или два, а како мечот се движеше кон крајот, Висла стигна до плус три и веќе немаше дилеми дека бодовите остануваат во Плоцк.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Лучин со пет погодоци, додека Фернандез стрелаше четири пати за Монпелје.

Висла Плоцк сега има осум бода на шестото место на табелата, пред Порто кој остана на шест, но има и натпревар помалку против Барса.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107